четврток, 12 ноември 2026
Најново

Меџити откако понуди химна без текст: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владините партнери воопшто не ја отвориле дебатата за промена на државните симболи и во моментов се што циркулира во јавноста се ставовите на поединечните политички субјекти. Владиниот потпретседател Изет Меџити денеска не сакаше да ги коментира неговите позиции во овој процес откако претходно рече дека добро би било македонската химна да биде без текст.

Меџити денеска рече дека со премиерот воопшто не разговарале за промена на грбот и химната но дека тоа во Владата не е табу тема. Според Меџити, Македонија во моментов има поважни работи од промена на државните симболи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вчера во Тема на денот лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски рече дека неговата партија која е дел од владината коалиција е против промена на државните симболи.

Поврзани вести