(Видео) Слаткар со Next Time ја доби наградата „Хит на годината“ на Златна бубамара

За првпат по седум години, Марко Маринковиќ-Слаткар запеа на Златна бубамара на популарноста.

На сцената во „Борис Трајковски“, 38-годишниот македонски пејач настапи заедно со момците од Next Time, со кои ја освои наградата Хит на годината за песната „Океани“.

„’Океани’ е прогласена за ХИТ НА ГОДИНАТА. Голема благодарност до Лазар Цветкоски, а најголема благодарност до сите вас кои помогнавте да оваа бубамара слета во наши раце. Добра ти вечер Македонијо, каде и да си. Со љубов, Next Time и Слаткаристика“ – напишаа тие.

Пронајдете не на следниве мрежи: