Меџити: За една година ќе имаме вработено повеќе Албанци во јавната администрација од претходната власт во 8 години!

Првиот вицепремиер, поранешен член на ДУИ, Изет Меџити, вети дека ќе вработува Албанци во државната и јавната администрација. На партиски настан во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што беа направени во изминатите два мандата од другите албански политички субјекти.

„По прашањето за вработување, ќе направиме онолку вработувања во рок од една година, колку што отворија во два мандата, 8 години во влада. Значи, ќе има стотици и стотици, а да не зборуваме за 2-3 илјади Албанци во државната администрација, јавната администрација и секаде каде што има потреба, за младите да не ја напуштаат државата, вели Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи: