четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Битиќи: Подготвуваме закон со кој приватниот сектор ќе ги зголеми платите, а придонесите за нив би се замрзнале

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фатмир Битиќи од СДСМ денеска во „Daily Click“ на ТВ21 ексклузивно откри дека се подготвува закон со кој приватниот сектор ќе ги зголеми платите.

Како што вели, придонесите за нив би се замрзнале.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Предлогот ќе биде да им се дозволи на приватниот сектор да ги зголеми платите од 3 до 15 илјади денари, притоа придонесите во рок од една година ќе се замрзнат на најниската плата која што ја платиле во претходните три месеци. Значи се замрзнуваат на тоа ниво, а ќе платат само данок на личен доход. Државата ќе има дополнителни приходи преку Данокот на личен доход, граѓаните ќе имаат повеќе нето пари во својот џеб“, вели Битиќи.

Битиќи вели дека најверојатно ќе го поднесат за 10 дена.

Поврзани вести