четврток, 12 ноември 2026
Најново

Унгарија се противи на новиот европски пакет помош за Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Унгарија се противи на новиот пакет помош од 20 милијарди евра на Европската Унија за Украина, објави во четвртокот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на платформата Х.

Иницијативата на шефицата на европската надворешна политика Каја Калас е насочена кон зајакнување на позицијата на Киев во преговорите, наместо да се стави крај на војната, рече тој.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Нема да го поддржиме трошењето на парите на европските даночни обврзници за продолжување на војната“, нагласи Сијарто.

Унгарија, исто така, нема да го поддржи продолжувањето на санкциите на ЕУ за руски и белоруски поединци, додаде тој.

Надворешната служба на ЕУ претходно презентираше предлог за дополнителна воена помош за Украина во износ од 6 милијарди евра.

Се наведува дека парите ќе бидат наменети за испорака на 1,5 милиони артилериски гранати за 3,5 милијарди евра, дополнителни 500 милиони евра за системи за противвоздушна одбрана и две милијарди евра за опремување и обука на две украински бригади.

Предлогот ќе биде разгледан на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник во Брисел, иако не е јасно кои земји-членки ќе го поддржат и дали може да се спроведе.

Поврзани вести