четврток, 12 ноември 2026
Најново

Првиот човек на ФФМ се избори за македонска Арена ТВ!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера беше во работна посета на Белград. Покрај другото тој имаше разговори со претставниците на Арена Спорт. Беше разговарано од следната сезона Арена Спорт да има ексклузивни права на македонскиот фудбал и да пренесува натпревари од ПМФЛ како и од Купот на Македонија.

Инаку во моментов Спорт Клуб има права за ПМФЛ, но оваа ТВ веќе е купена од страна на Арена.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Инаку, барем според информациите, првиот човек на ФФМ и претставниците на Арена, разговарале за тоа преносите од Македонија да одат на македонски јазик. Поточно да има посебен канал на македонски јазик.

Секако дека ова е голем потег на Омерагиќ за популаризирање на мак – фудбалот.

Поврзани вести