Ограбена е златарница во Кочани, крадците однеле накит и часовници

Крадци ноќеска однеле злато и часовници од златарница во Кочани, соопшти полицијата.

„Денеска (23.02.2025) во 03:27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20:00 часот вчера до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници“, велат од МВР.

Увид во ограбената златарница извршила екипа на кочанската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: