четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шефот на кабинет на Зеленски: Украина нема да прави компромис со независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украина нема да прави компромиси со својата независност, територијален интегритет или суверенитет, изјави шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

На заедничка прес-конференција во Киев, по Форумот Украина: 2025 година, Јермак истакна дека следната рунда преговори со САД за договорот за стратешки природни ресурси ќе продолжи и дека денеска ќе разговара со американски претставник.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Го продолжуваме дијалогот со нашите партнери. Никој не се откажал од ништо, имаме нормален работен процес, изјави Јермак пред новинарите.

Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибига додаде дека резолуциите на ОН во врска со руската инвазија, кои ги подготвуваат Украина и САД, не се исклучуваат меѓусебно и дека работата на нив продолжува.

– Резолуцијата на Украина има поддршка од нашите партнери и ќе биде претставена пред Генералното собрание на ОН, рече Сибига.

Шефот на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов, изјави дека Северна Кореја ѝ обезбедува на Русија 50 отсто од потребната муниција за фронтот во Украина.

Според проценките на Украина, САД и Јужна Кореја, Северна Кореја испратила илјадници војници за поддршка на руските сили, што претставува нејзино прво големо учество во војна од 1950-тите години.

Буданов додаде дека Пјонгјанг почнал масовни испораки на 170-милиметарски самоодни хаубици и 240-милиметарски ракетни системи за Русија. Исто така, Северна Кореја веќе ѝ испратила балистички ракети на Русија, а годинава планира да испорача 148 такви проектили.

Олег Ивашченко, началник на украинското надворешно разузнавање, изјави дека Русија годинава планира да произведе над седум милиони артилериски и минофрлачки гранати.

Поврзани вести