четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украина би можела да стане членка на Европската унија (ЕУ) пред 2030 година, доколку продолжи со реформите со ова темпо, изјави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

„Украина прави добар напредок, можеби ќе стане членка пред 2030 година, ако продолжи со оваа брзина и овој квалитет“, рече Фон дер Лајен за време на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Танјуг“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зеленски претходно изјави дека членството на Украина во ЕУ и НАТО може „во голема мера“ да помогне во идно „оддалечување“ од Русија.

Поврзани вести