четврток, 12 ноември 2026
Најново

РФМ им исплати премија од 3 милиони денари на ракометарите за нивниот настап на Светското првенство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.

Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на 15.место.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.

Поврзани вести