четврток, 12 ноември 2026
Најново

Болни и повредени деца од Газа пренесени со специјален лет во Атина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Десет болни и повредени деца од Појасот Газа, кои претходно биле хоспитализирани во грчката болница во Каиро, со специјален лет биле пренесени во Атина каде што ќе го продолжат лекувањето, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Од грчкото МНР додадоа дека „медицинската евакуација на децата од Појасот Газа“ е на иницијатива на министерот за надворешни работи и во организација и координација на Министерството, додека пак за транспортот бил активирани механизмот за цивилна заштита на Европската унија, Светската здравствена организација и египетските власти.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Пациентите и нивните придружници пристигнале во Грција со специјален лет на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“, а ќе бидат хоспитализирани во медицински установи во земјата, додека нивните придружниците ќе бидат сместени во објекти на Министерството за миграција и азил.

За конкретната операција, како што соопштија од грчкото МНР, интензивно работеле Министерствата за здравство, климатски кризи и цивилна заштита, миграција и азил и Итната медицинска помош. 

Поврзани вести