четврток, 12 ноември 2026
Најново

После осум години, Вардар ќе игра полуфинале во македонскиот Куп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се пласира во полуфинале на македонскиот Куп, откако триумфираше со 1-0 против Силекс.

Првото полувреме го одбележаа неколку шанси, меѓутоа мрежите останаа да мируваат, по што возбудувањата продолжија и во вторите 45 минути. Најсериозни во нападот беа Босанчиќ и Дианесу, меѓутоа Божиновски ја зачува својата мрежа недопрена.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Силекс се закани уште на почетокот на вториот дел, но голманот на Вардар беше на висина на задачата во 47. минута. Потоа Роџерс од огромна далечина испрати удар кон голот на Силекс, во обид да го изненади противничкиот чувар на мрежата, меѓутоа топката заврши во гол-аут.

„Црвено-црните“ до водство стигнаа во 68. минута, по една голема мешаница во казнениот простор на тимот од Кратово. По одличната интервенција на гостинскиот голман, топката стигна до Донгмо кој ја затресе мрежата на Силекс.

Пласман во полуфинале остварија и Струга ТЛ со победа од 1-0 против Гостивар, како и Шкендија со триумфот против Детонит Плачковица со 1-0, додека Брера Струмица преку пенали го елиминира Арсими.

Поврзани вести