четврток, 12 ноември 2026
Најново

Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија нема намера да врати ниту еден дел од окупираната територија на Украина.

„Тоа се територии кои станаа дел од Русија и се вклучени во нашата државна уставна одредба како неотуѓив дел од Русија. Тоа е факт што ние апсолутно не можеме да го негираме или за тоа да разговараме“, рече Песков на дневниот брифинг со новинарите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според рускиот устав, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се дел од Русија, иако руските сили не ги контролираат целосно овие региони, а Украина и меѓународната заедница ги сметаат за делови на Украина.

Изјавата на портпаролот на Кремљ доаѓа еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека Русија бара целосна контрола врз четирите региони.

Поврзани вести