Пет лица се уапсени во Швајцарија меѓу кои и еден Македонец откако полицијата откри плантажа со канабис.
Полиција во Цирих вчеравечер во Еглизау ја открила нелегална плантажа за канабис со околу 6000 растенија. Пет лица, кои се сомничат дека се поврзани со работењето на плантажата, биле уапсени.
Вчера во раните утрински часови, полицајците извршиле контрола на плантажата за канабис. Притоа, не пронашле канабис, туку околу 6000 растенија со висока содржина на ТХЦ. Дополнително, полициските екипи откриле и над сто килограми марихуана спремна за продажба.
Уапсени се 26-годишен државјанин на Македонија, 31-годишен Чешки државјанин, како и три жени од Кина на возраст од 26 до 48 години. Тие се осомничени дека се поврзани со работењето на плантажата за канабис и по полициските распити биле предадени на Обвинителството.
Плантажата била демонтирана, растенијата правилно уништени, а марихуаната запленета.



