четврток, 12 ноември 2026
Најново

Малолетник фатен со 200 кесички марихуана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Седумнаесетгодишно момче е приведено откако кај него биле пронајдени 200 кесички марихуана.

„Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица“, соопшти МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Поврзани вести