четврток, 12 ноември 2026
Најново

Александар Дарчиев е нов руски амбасадор во САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија добила агреман за нов руски амбасадор во САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Тоа ќе биде Александар Дарчиев, поранешниот амбасадор на Русија во Канада.

„Американската страна достави официјална нота за согласност за именување на директорот на Северноамериканскиот оддел на Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Никитич Дарчиев, за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека тоа се случило на вчерашната средба меѓу Русија и САД во Истанбул. Вашингтон на овие преговори го претставуваше заменик-помошникот државен секретар Соната Култер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се очекува Дарчиев во блиска иднина да отпатува за Вашингтон и да ја преземе функцијата.
Дарчиев дипломирал на Московскиот државен универзитет (МГУ) во 1983 година, со докторат по историски науки. Зборува англиски и француски јазик, а во Министерството за надворешни работи е вработен од 1992 година. Од октомври 2014 до јануари 2021 година беше руски амбасадор во Канада, а од јануари 2021 година директор на Одделот за Северна Америка.

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши претходниот амбасадор Анатолиј Антонов на 10 октомври минатата година. Тој ја извршуваше таа функција од 2017 година.

Поврзани вести