четврток, 12 ноември 2026
Најново

И Гаши ги осуди навредите на Кочовска кон Славјанка Петровска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Со осуда за вчерашните навреди упатени кон пратеничката Славјанка Петровска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска излезе и претседателот на Собранието Африм Гаши кој вчера беше отсутен, а седницата ја водеше потпретседателката Весна Бендевска која пак воопшто не изреагира за да го корегира ваквиот говор на Кочовска.

-Ваквите настани како вчерашниот не се мили, не е добро за Собранието, тоа не зборува добро за нас. Кога се случуваат пратенички прашања треба да знаат министрите и Владата дека доаѓаат да одговараат на пратенички прашања и треба да знаеме да се почитуваме и Уставот, какви функции какви ингеренции има секоја институција, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од пред Министерството за финансии се собраа членови на СДСМ и побараа оставка на Кочовска. Наместо човечки да се извинат тие одлучија да ја нападнат Славјанка уште повеќе, обвинувајќи ја дека глуми жртва, рече Јована Тренчевска.

-Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца тогаш тоа не е само навреда, тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност. Затоа денес сме тука гласно и јасно да побараме Гордана Кочовска мора да си поднесе оставка, изјави Јована Тренчевска од СДСМ.

Поврзани вести