четврток, 12 ноември 2026
Најново

САД и Украина не го потпишаа договорот за минерали!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Договорот за минерали меѓу Украина и САД не беше потпишан во Вашингтон на 28 февруари.

Претседателите на Украина и на САД, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, требаше да го потврдат тоа, но шефот на украинската држава ја напушти Белата куќа предвреме. Ова го пренесува Sky News.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дописникот на Скај њуз, Марк Стоун, чекаше меѓу новинарите во Вашингтон, чекајќи го јавното потпишување на договорот и последователната прес-конференција меѓу Трамп и Зеленски.

„Сè беше подготвено за церемонијата на потпишување. Имаше маси, пенкала на масите. Сè беше подготвено за потпишување на договорот, по што требаше да има прес-конференција.“ вели дописникот.

Новинарот „Гласот на Америка“ Остап Јариш исто така објави на социјалната мрежа Х за непотпишување на договорот. Според него, украинската делегација и претседателот Зеленски ја напуштиле Белата куќа и не комуницирале со печатот.

„Според извештаите, договорот меѓу Украина и САД не е потпишан“, информира тој.

Поврзани вести