четврток, 12 ноември 2026
Најново

Медведев: Жесток ќотек во Овалната соба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска ги нарече преговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон „жесток ќотек во Овалната соба“.

Тежок ќотек во Овалната соба“, напиша Медведев коментирајќи ја средбата на Зеленски со Трамп на неговиот канал Телеграм, пренесе РИА Новости.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зеленски денеска пристигна во Вашингтон за да потпише договор за природните ресурси на Украина, вклучително и за ретките метали, но Трамп на средбата остро го прекори и му постави ултиматум дека доколку Киев не се согласи со договорот, ќе остане без поддршката од Вашингтон.

По вербална расправија, Трамп побара Зеленски да си замине, а заедничката прес-конференција, ручекот и потпишувањето на договорот беа откажани, објави Фокс њуз.

Поврзани вести