четврток, 12 ноември 2026
Најново

САД го прекинаа проектот за обновување на енергетскиот систем на Украина!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за енергетика на САД го прекинува проектот на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за обновување на енергетскиот систем на Украина.

Всушност, иницијативата на УСАИД, која инвестираше „стотици милиони долари“ во обновувањето на енергетската мрежа на Украина, е стопирана. Ова го пренесува NBC News повикувајќи се на двајца членови на УСАИД.
„Ова значително ја поткопува способноста на оваа администрација да преговара за прекин на огнот и и сигнализира на Русија дека не ни е грижа за Украина или нашите претходни инвестиции“, рече претставник на УСАИД кој учествуваше во мисијата во Украина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој истакна дека Русија води војна на две нивоа во Украина: воена и економска, но УСАИД игра клучна улога во помагањето да биде одржлива, особено да го зајакне енергетскиот систем.

Дадовме огромна поддршка на украинската влада за да избегне криза“, рече претставникот на УСАИД.

Покрај завршувањето на проектот „Енергетска безбедност на Украина“, УСАИД драстично го намалува и своето присуство во Украина – од 64 вработени ќе останат само осум.

Поврзани вести