четврток, 12 ноември 2026
Најново

Петровска објави скандал: Воено разузнавање ги испрашувало вработените во Одбрана дали се против Владата оти ставале лајкови или оделе на протестите за Фросина!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина. Ова се случило после првиот одржан протест, открива пратеничката и поранешна министерка Славјанка Петровска.

– Замислете биле прашувани дали ова значи дека се против Владата!?

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вчера, неколку вработени, истотака од претставници на Службата, биле опоменати “да внимаваат на што ставаат лајк и да не поддржуваат самонаречени жртви”

Во услови на сложени геополитички односи и засилени активности на нашата територија на разузнавачки служби кои не се НАТО членки, чуварот на столчето во министерството за одбрана Мисалјовски вака ги поставува приоритетите.

Вака горди не се станува!

Многу скоро, со име и презиме, ќе ги објавам сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата. – објави Петровска на Фејсбук.

Поврзани вести