Поддршка за Украина и од бугаркиот премиер: Ние сме со вас!

Повеќе од половина ден ниту еден претставник од бугарската влада не излезе со став за скандалот што го разбранува целиот свет – расправиите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски синоќа во Белата куќа.

Дури денеска напладне со речиси идентични пораки излегоа премиерот Росен Жељазков и министерот за надворешни работи Георг Георгиев. И двајцата објавија на Твитер.

„Украина, биди храбра и силна. Ние сме со тебе“, напиша Жељазков, а Георгиев излезе со став: „Украина, биди храбра и силна. Сите сме на твоја страна“.

Пронајдете не на следниве мрежи: