четврток, 12 ноември 2026
Најново

Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра, одговори денеска на новинарско прашање портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Секојдневно разочарување од владата на ДПМНЕ, платите на работниците нема да се покачуваат ниту овој месец, што значи дека работниците од страна на оваа влада се оставени сами да се борат со енормно високите трошоци. Само да потсетиме дека кога се има желба се може, во времето кога СДСМ беше на власт минималната плата се покачи за 4 пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Значи, ако владата навистина се грижи за животниот стандард на граѓаните, може да направи нешто и да биде поддршка за граѓаните. Ние во наредниот период ќе продолжиме со политики што се поддршка за животниот стандард на граѓаните, и ќе поднесеме законско решение за покачување на минималната плата на 500 евра, истакна Кузеска.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести