четврток, 12 ноември 2026
Најново

Александар Стефанов едногласно избран за прв човек на РФМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот ракомет доби нов шести претседател во историјата. Младиот стопанственик Александар Стефанов е избран за претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и ќе го наследи најуспешниот прв човек во историјата на мак-ракометот Живко Мукаетов.

Александар Стефанов е поранешен ракометар и сегашен главен спонзор на ракометниот суперлигаш Бутел Скопје, преку компанијата Фабрика Карпош АД Скопје каде е член на Управниот одбор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На собранието Стефанов беше единствениот кандидат за претседателската функција, па ја доби довербата да раководи со мак-ракометот.

Новиот претседател на ракометната централа ќе биде шести во историјата на независна Македонија, а покрај Живко Мукаетов (2013-2025), со функцијата раководеа Михајло Михајловски (2008-2013), Трифун Костовски (2003-2008), Душко Кадиевски (1999-2003) и Иван Бојков (1989-1999).

Поврзани вести