четврток, 12 ноември 2026
Најново

Измама со фотоволтаици: Гостиварец изгубил 200.000 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Граѓанин од гостиварско пријавил во СВР Тетово дека бил измамен за 200.000 евра во инвестиција поврзана со изградба на фотоволтаици.

Според неговата пријава, 58-годишниот оштетен во текот на 2023 година ги уплатил средствата во Хрватска, Шпанија и Германија, со договор дека и другите инвеститори ќе вложат дополнителни 50 милиони евра во заедничкиот проект.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според пријавата во измимата биле вклучени Е.И.Ј. (47) од Нигерија, Б.А. (45) и Л.Ј. од Литванија, кои оштетениот ги запознал преку Љ.С. (58) од липковско село.

Откако сфатил дека парите не биле вложени и дека договорите не биле нотарски заверени, оштетениот се посомневал дека станува збор за измама и го пријавил случајот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот и утврдување на сите околности околу измамата.

Поврзани вести