Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов не е заинтересиран за повторно преговарање или обновување на договорот за минерали со Украина, изјави висок претставник на Белата куќа за Ројтерс.
Според него, делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски почнала да „моли“ договорот да биде потпишан веднаш откако добиле наредба да ја напуштат Белата куќа.
Средбата меѓу Трамп и Зеленски помина во тензична атмосфера, со повремени довикувања меѓу двајцата лидери.
На почетокот на средбата, Зеленски му покажа на Трамп слики од воени злосторства и додаде дека мисли дека американскиот претседател е на страната на Украина.



