Пратениците 4500 денари за патни трошоци на ден студентите и овој месец со 140 денари дневно за храна

До 5-ти март, студентите кои не добиваат, може да конкурираат за студентски оброк. Дополнителниот конкурс се објавува на почетокпт на секој месец и на него може да аплицираат студенти кои не земале или го изгубиле правото на студентски оброк, а доколку ги исполнуваат условите -може да добијат и било кој месец во академската година (октомври-јуни).

Студентскиот оброк се користи преку картичка и е наменет за купување на приготвена храна или прехранбени продукти.

И за месец март, оброкот ќе остане на 140 денари за работен ден. За празници и за недели не се исплаќа студентскиот оброк. Студентите може да го користат секојдневно по 140 денари или може да ги искористат сите 840 денари за 6 дена, најдоцна до сабота на полноќ.

Ако не ги искористат парите до тој рок, тие се враќаат назад на буџет на Министерството за образование и наука.

Висината на студентскиот оброк останува 140 денари и покрај преговори меѓу министерството и студентските претставници, сумата не е покачена од почетокот на академската година, во октомври.

Студентскиот оброк е 140 денари дневно од април 2023-та и оттогаш не е покачен и покрај зголемување на цените на храната во изминатите речиси две години.

Огласот е на следниот линк на веб сајтот на МОН.

https://mon.gov.mk/content/?id=8727
Пронајдете не на следниве мрежи: