Ватикан: Папата е тргнат од респиратор и е во стабилна состојба

Утрово од Ватикан стигнаа најнови вести околу здравствената состојба на Папата Франциск. Тој е тргнат од респиратор, и синоќа бил во стабилна сотојба.

Тоа е знак дека ги надминал можните компликации предизвикани од респираторна криза во петокот, пишува Индепендент.

Папата продолжува да добива дополнителен кислород со висок проток по нападот на кашлица во петокот, што ги зголеми стравувањата за нова инфекција на болите дробови.

Лекарите во извештајот доцна вчера истакнаа дека Папата останал стабилен, но повторно укажаа на сложеноста на неговата севкупна состојба.

Папата се лекува во римската болница Гемели од 14 февруари.

Пронајдете не на следниве мрежи: