Си-Ен-Ен: Забрзано се подготвува средба меѓу Путин и Трамп

Темпото на подготовките за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп е забрзано, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на сопствени извори.
Според нив, кавгата на Трамп со Володимир Зеленски во Белата куќа на 28 февруари станала дополнителен поттик за одржување на уште една рунда преговори за нормализација на односите меѓу Русија и САД во наредните недели.

Путин и Трамп имаа телефонски разговор на 12 февруари. Како што соопштија од Кремљ, лидерите на двете земји се договориле да продолжат со личните контакти, вклучително и организирање лични средби.
Помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков на 18 февруари извести дека сè уште не е одреден конкретен датум за средба меѓу претседателите на Русија и САД.

Пронајдете не на следниве мрежи: