Основачот и директор на Гранд, Саша Поповиќ, почина на 1. Март по кратко и тешко боледување. Во текот на својот живот тој има помогнато на многу натпреварувачи во ГРанд, а една од нив е и Крстиња Тодоровиќ.
Таа пред неколку години се натпреваруваше во Гранд, а во тој момент имаше 160 килограми.
Саша ја мотивираше да ослаби со тоа што и вети дека ако таа изгуби килограми, тој ќе и плати операција.
Пејачката ослабе 100 килограми, а потоа Саша Поповиќ, како што пренесуваа српските медиуми, и плати операција за отстранување на вишокот кожа која чинеше 6.000 евра.
Операцијата траела два ипол часа, а Крстиња отстранувала вишок кожа од стомакот и грбот.



