Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се казнети 777 лица, најмногу од нив за непрописно паркирање и брзо возење.
„По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53; па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци. Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои што биле технички неисправни“, се додава во соопштението на МВР.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека продолжуваат со засилени мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност и апелираат до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.



