Вчера во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода педесет и шестгодишниот Џ.Д. од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.
Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
„Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.



