Шефицата за надворешна политика на ЕУ: Русија нема интерес за мир!

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта покажуваат дека Кремљ „нема интерес за мир“.

– Руските ракети немилосрдно паѓаат врз Украина, носејќи повеќе смрт и повеќе уништување. Путин уште еднаш покажа дека нема интерес за мир- напиша Калас на Х.

Таа додаде дека мора да се засили воената поддршка – „во спротивно, уште повеќе украински цивили ќе ја платат највисоката цена“.

Пронајдете не на следниве мрежи: