Припадници на американската тајна служба застрелале вооружен маж од Индијана, кој се наоѓал на еден блок од Белата куќа.
Федералните агенти го забележале автомобилот на човекот паркиран во близина на раскрсницата, еден блок западно од западното крило на Белата куќа.
Неидентификуваниот маж тргнал пеш кон авенијата Пенсилванија, каде што веднаш по полноќ го пронашле агентите на тајната служба.
Имаше, како што рекоа, „вооружена пресметка“ кога мажот извадил огнено оружје.
Агентите на тајната служба биле принудени да отворат оган врз мажот, кој потоа во непозната состојба бил пренесен во локална болница, соопшти Агенцијата. Ниту еден од членовите на Тајната служба не е повреден, се додава во соопштението на агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на пукањето престојувал на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Се верува дека мажот патувал од Индијана до главниот град во саботата. Засега не се знае кои биле неговите мотиви, ниту дали имал намера да направи нешто.



