Амбасадорката на САД во Скопје, Ангела П. Агелер, прашана зошто му е одбиена американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани изјави дека не може да каже деатли строгите закони за приватност, но нагласи дека министерот може да одговори, бидејќи Амбасадата го информира барателот за виза за секоја одлука.
„Значи, имаме строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави, така што не можам да разговарам за никакво прашање за виза, за кој било поединец, би ве упатил кај министерот, да разговараме за тоа што се случило, но едноставно ќе ви кажам дека со секој апликант за американска виза, процесот му се објаснува на поединецот и ако има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето“, рече меѓу другото Агелер.


