Прогноза за денес: сончево време и пријатни температури до 26°C

Денешното време очекуваме да биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, со повремено засилување до повеќе од 60 km/h. Утринските температури ќе започнат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат температури помеѓу 19 и 26 степени. Исти временски услови ќе имаме и во последниот ден од оваа работна недела, но кон крајот на денот и за време на ноќта може да се појави локален краткотраен дожд со можност за грмежи. Ќе продолжи да дува умерен, а наместа силен ветер од југ, со брзина над 60 km/h. Утринските температури ќе варираат од 3 до 9 степени, додека дневните температури ќе бидат од 20 до 28 степени.
The post Прогноза за денес: сончево време и пријатни температури до 26°C appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.