Германија праќа 300 војници на Косово во состав на КФОР

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата на амбасадорот Андреас фон Гер на Косово заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, нагласувајќи дека Берлин го засилил својот контингент на КФОР „кој 25 години помага да се зајакне безбедноста во нестабилниот регион“.
„Оваа недела, амбасадорот фон Гер и неговите колеги од НАТО го посетија КФОР, мисија на Алијансата во која Германија придонесува од почетокот на 1999 година“, се вели на официјалната веб-страница и социјалната мрежа Х.

Се додава дека германската мисија во НАТО го нагласува фактот дека во последната година Германија го зголемила својот контингент во КФОР со околу 300 војници.

„Во особено предизвикувачки времиња, остануваме силно посветени на мирот и стабилноста во овој дел од нашиот континент“, заклучува германската мисија во НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.