Хрватската полиција од Петриња, во соработка со окружен државен правобранител и форезничари, денеска наишле на страшна сцена. Во шумски пат во областа Петриња пронашла изгорено возило и безживотно тело во него.
Како што соопштија од полицијата во Сисак-Мославина, изгореното тело било на совозачкото седиште. Возилото било на шумски пат меѓу градовите Гора и Граберје.
Полицијата во соработка со жупанискиот државен правобранител Сисак и експерти од Центарот за форензички истражувања, испитувања и вештачења Иван Вучетиќ од Загреб, изврши увид на лице место на местото каде што е пронајдено опожареното возило.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.