23 лица осомничени за пожарот во Кочани, се очекуваат нови апсења

Бројот на осомничените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени, се зголеми на 23 лица.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција рече дека денеска ќе има нови приведувања на лица поврзани со инцидентот во Кочани, од кои дел се вработени во Министерството за внатрешни работи.„11 лица се во притвор и нема да застанеме тука. Денеска нема да застанеме со процедурални дејствија, имено констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран до тој степен што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на процедурите. Голем број на институции, кои согласно законот мора да го следат функционирањето на дискотеката, особено во заштитниот појас во случај на евентуален пожар, затоа, во текот на денешниот ден ќе има прилично голем број лица кои ќе бидат приведени и од МВР и од други институции“, рече Тошковски.Надлежните од МВР соопштија и дека се извршени обдукција на околу 15 лица кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани.Според министерот Тошковски, дискотеката „Пулс“ работела незаконски и немала законски документи за работа, немала дозвола за употреба на пиротехнички средства и не склучувала договори со изведувачите ДНК.„Македонија нема систем со правила на игра што би спречил ваков страшен настан. Имаме системски слабости кои ја оневозможуваат контролата. Заклучивме дека системот во Македонија е корумпиран до тој степен што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на институционално однесување“, нагласи Тошковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: