23-годишен жител на Скопје вчера пријавил во полиција дека е исчезната неговата две години помлада сопруга, соопшти полицијата.
„На 16.03.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Д.С.(23) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ж.Е.(21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР во дневниот полициски билтен.