(Видео) Зошто сопственикот на кафулето е без лисици?

Зошто сопственикот на кафулето и дискотеката во која загинаа 59 лица полицијата го носи без лисици на рацете?

Претходно во судот, Обвинителството и полициската станица во Кочани сите осомничени се носеа со лисици, меѓу нив и обезбедувањето на дискотеката, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Претходно на предлог на ОЈО Кочани, Основниот суд во Кочани определи мерка караткотраен притвор во времетраење од 48 часа за 17 лица. Бидејќи денес истекува мерката, Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Видео: Прес24

Пронајдете не на следниве мрежи: