Од редовите на фудбалскиот клуб Тиквеш информираа дека го повлекуваат дресот со број 16 кој во овој клуб го носеше Андреј Лазаров.
Фудбалерот Андреј Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани, а животот го загуби како фудбалер на Шкупи, но во минатото неколку сезони помина и во клубот од Кавадарци каде што остави трага.
„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со бројот кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клупските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно
Збогум Андреј“, објави Тиквеш.
Во текот на вчерашниот ден на плоштадот во Кавадарци беше отворена и книга на жалост во негова чест.




