Заменик Премиерот Изет Меџити потенцира дека по кочанската трагедија власта извлекла лекција и дека нема да дозволат да се изгуби и девалвира правдата преку институционалните трикови изградени за заштита на недопирливите.„Кочани, „Беса транс“, ,,модуларната болница во Тетово”, Л),,Ласкарци” – многу тешки трагедии со многу жртви за мала земја како Северна Македонија! Многу болка и семејства завиткани во жалост и оплакување, а многу малку правда за жртвите!“Додека се молиме за преживеаните и се подготвуваме да се збогуваме со трагично загинатите на 16 март, како Влада ветуваме дека горчливата лекција од Кочани е научена, дека пораката е примена: државата повеќе нема да стои со скрстени раце и нема да дозволи правдата да се изгуби и девалвира преку институционални трикови изградени за заштита на недопирливите!Нашата борба за подобра Македонија ќе има смисла само кога оние против кои системот беше неправеден ќе почувствуваат дека правдата, сепак, не е поим заробен од мафијата што ја контролира државата, како што за жал беше случај со години во минатото, и дека нивните повици за правда ќе наидат на одговор и реакција“, пишува Меџити на својот Фејсбук профил.Меџити пишува дека државата ќе постапи, ќе одговара.„Правда ќе има: за Кочани, за Беса транс, за тетовската болница, за Ласкарца, за сите трагедии кои се предизвикани од корупција и неказнивост, а како резултат на тоа одзедоа животи“, додава тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:



