Лесковaц: Избодено момче пред очите на својот татко

Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е избодено пред очите на својот татко во центарот на Лесковац, објавија српските медиуми.

Беше примен со две видливи убоди во пределот на градниот кош и стомакот“, вели во Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац, додавајќи дека неговиот татко бил полесно повреден во тепачката што ѝ претходела на оваа крвава гозба.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека исто така е помлад човек.

За се е известено надлежното обвинителство“, додаваат оттаму.

Мотивот за нападот и тепачката се уште се истражува.

Според неофицијални информации, тепачката се случила во пекара каде било скршено стаклото од витрината, пишува Телеграф.

Пронајдете не на следниве мрежи: