Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во одговор на новинарски прашања истакна дека истрагата ќе се ослободела од корумпирани лица, односно се води од некорумпирани нови ликови.
Додека Тошковски зборуваше за нови лица, зад него стоеше Оливер Деркоски, поранешен претседател на Државната изборна комисија, а актуелен советник на министерот Панче Тошковски.
Деркоски инаку беше осуден во прв степен за две спорни јавни набавки, една за софтверот што беше купен за парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година, а другата е за набавените телевизори на кои требаше да се прикажуваат резултатите од изборите.
Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот за 1 312 409 денари или околу 21 илјада евра.
Основниот кривичен суд во Скопје во прв степен донесе осудителна пресуда, по што Апелација го врати предметот на повторно судење, а Основниот суд донесе ослободителна пресуда.



