Тренерот на Хајдук: Ваквите натпревари се најопасни…

Игор Тудор, тренерот на Хајдук, на прес-конференцијата пред натпреварот со Турново во рамките од Лига Европа, за јавноста изјави дека ваквите натпревари се најопасни токму за големите фаворити, а потсети и за лошата традиција на тимот од Сплит.
Околу Турново и натпреварот со Турново говореше тренерот на Хајдук, Игор Тудор и дефанзивецот на Хајдук, Горан Јозиновиќ, стручниот тим на хрватскиот тим ги погледнал снимките од мечот со Судува, па сега тие многу подобро го запознале нашиот претставник.
„Овие натпревари се најопасни, знаеме дека традицијата не ни е наклонета, но мојата работа е да кај играчите делувам и дека во свеста секогаш ми стои дека не победува секогаш подобриот на хартија“ вели Тудор.
Дефанзивецот на Хајдук, Горан Јозиновиќ, пак вели дека Хајдук игра одлично во последно време, напаѓачки, со одличен пресинг.
„Чувството е добро, играме добро, напаѓачки со голем пресинг. Мораме да ја искористиме оваа прилика, да ги искористиме слабите страни кај Македонците. Би било добро да на гостувањето тргнеме со добра предност, но нема потреба од брзање“ изјави Јозиновиќ.
 
Фото/Извор: www.jutarnji.hr
 Игор Тудор, тренерот на Хајдук, на прес-конференцијата пред натпреварот со Турново во рамките од Лига Европа, за јавно

Пронајдете не на следниве мрежи: