Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Киев ќе го почитува најавениот велигденски прекин на огнот, под услов истото навистина да го направи и Москва и предлага триесетдневен намст триесечасовен пекин на огнот, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин најави веигденски прекин на огнот.
-Ако навистина дојде до целосен прекин на огнот, Украина предлага тој да се продолжи и по Велигден, 20 април. Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – затоа што 30 часа се доволни за да се влезе во вестите, но не и за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена може да му дадат шанса на мирот – напиша Зеленски преку објава на социјалната мрежа Х.
Тој нагласи дека мирот не може да биде декларативен, туку мора да се поткрепи со конкретни дејствија и изрази длабок сомнеж во искреноста на најавите од Москва.
-Според извештаите на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, руските офанзивни операции продолжуваат, а не стивнуваат ниту артилериските напади. Затоа, не им веруваме на зборовите на Москва. Премногу добро знаеме како Москва манипулира и подготвени сме на сè – додаде тој.



