Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија денеска до 16 часот по локално време извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.
Во првите 6 часа од „Велигденското примирје“ кое што го нареди претседателот на Русија Владимир Путин, Зеленски вели дека имало и 290 употреби на дронови. Нема пријави за смртни случаи.
Министерството за одбрана на Русија инсистира дека руските сили се придржуваат до примирјето и ја обвинува украинската армија – дека го крши.
Видео
The post ВИДЕО | Зеленски за Велигденското примирје“ на Путин appeared first on 365.mk.



