Во зграда во Штип се оштетени три носечки столбови за да се постават клима уреди. Столбовите се со дупки за да може да се постави клима уред, а на фотографиите се гледа и арматурата на столбот.

Како што пренесоа гледачи на Инфомакс, случајот е пријавен и до Општината и до Центарот за управување со кризи, но и по два месеци од пријавата никој не реагира.
Се работи за зграда на улицата Енгелсова во штипската населба 8 Ноември.

Инфомакс го контактираше градоначалникот Иван Јорданов во текот на вчерашниот ден. Тој рече дека ќе провери зошто не е постапено по пријавата до општинската инспекција.



