Скопјанец силувал штитеник од установа за згрижување деца

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.

Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: